Меѓународен фудбал Фудбал

Симоне Инзаги го сака Бастони во Ал Хилал!

Симоне Инзаги планира ново звучно засилување во Ал Хилал и посакува повторна соработка со еден од своите клучни дефанзивци од деновите во Интер, Алесандро Бастони. Како што пренесува добро информираниот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, тимот од Ријад сериозно ја разгледува можноста за овој трансфер, но за негова реализација постои голема административна пречка.

Ал Хилал во моментов ја има пополнето дозволената квота за странски фудбалери, што значи дека раководството прво мора да продаде еден интернационалец за да ослободи место. Како главен кандидат за заминување се споменува Жоао Кансело, чие потенцијално враќање во Барселона повторно станува актуелна тема на пазарот.

Иако агентот на Бастони неодамна изјави дека италијанскиот репрезентативец е среќен во Милано и нема желба да си замине, милионските понуди од Саудиска Арабија често знаат целосно да ја променат ситуацијата. Доколку Интер се согласи да влезе во преговори и го продаде својот стопер, тој трансфер би станал еден од најскапите во историјата на клубот, веднаш зад продажбата на Ромелу Лукаку во Челси, Златан Ибрахимовиќ во Барселона и Ашраф Хакими во ПСЖ.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.