Кошарка Меѓународна кошарка

Силвен Франсиско го засили Панатинаикос

Францускиот плејмејкер Силвен Франсиско ова лето сепак ќе го носи дресот на Панатинаикос, откако сопственикот на атинскиот гигант Димитрис Јанакопулос плати отштета од еден милион евра за да го откупи неговиот договор од Асвел. Франсиско претходно прифати понуда од Вилербан, но откако стана јасно дека најавениот буџет на Тони Паркер од 53 милиони евра ќе изнесува реални 24 милиони, францускиот клуб одлучи да го ослободи својот најскап играч.

Доведувањето на Франсиско беше една од најголемите желби на тренерот Жељко Обрадовиќ, кој во него гледаше идеално решение за организатор на играта. Францускиот репрезентативец имаше договор со Асвел кој му гарантираше и до пет милиони евра по сезона, но направи сериозен финансиски компромис за да го облече „зелениот“ дрес и да добие долгорочна стабилност во Атина.

„Во почетокот Тони Паркер не беше подготвен да се откаже од Франсиско, но ја прифати понудата од милион евра откако Јанакопулос одлучи да ја исполни желбата на Жељко Обрадовиќ. Голема улога одигра и самиот играч кој се откажа од значителен дел од парите за да дојде во Панатинаикос“, пренесува грчкиот спортски портал „СДНА“.

Со ова засилување Панатинаикос стави круна на уште едно амбициозно преодно лето. Клубот претходно ги ангажираше Мустафа Фал, Гершон Јабуселе, Бранку Бадио, Исак Бонга и Лефтерис Манцукас, а од позајмица се врати Димитриос Мораитис. На спротивната страна, Атина ја напуштија Мариус Григонис, Кенет Фарид, Ти-Џеј Шортс, Александрос Самодуров, Џеди Осман и Василис Толиопулос.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.