Македонски фудбал Фудбал

Силекс во Струга по прекин на лошата серија на резултати

Двата порази по ред од Вардар и од Шкендија, нема да ги наруши амбициите на Силекс на крајот да дојде до горниот дел на табелата, и да стигне до Европа.

Кратовскиот тим после тие два тешки меча, има нов – гостува кај уште еден аспирант за висок пласман и за место во Европа, тимот на Струга ТЛ.

Од кратовскиот табор очекуваат крај на лошата низа резултати, и почеток на една нова серија на победи.

„Не чека тешко гостување кај директен конкурент за Европа. Малку самодовербата ни е разнишана после двата порази, но доволно сме квалитетни и мотивирани за да извадиме позитивен резултат од Струга. Не игравме лошо ниту против Вардар, ниту против Шкендија за да претрпиме порази, но таков е фудбалот, некогаш кога не очекуваш те наградува, некогаш те казнува. Одиме напред, тие два меча се веќе зад нас и сега сме максимално фокусирани кон денешниот меч и дуелот со Струга“, изјави шефот на стручниот штаб на Силекс, Александар Васоски.

Мечот меѓу Струга ТЛ и Силекс се игра на Градскиот стадион во Струга со почеток во 16:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.