Македонски фудбал Фудбал

Силекс и Шкендија во битка за куп-трофејот!

Фудбалерите на Силекс и Шкендија Тетово вечерва од 20 часот на Арената Тодор Проески ќе го одиграат финалниот натпревар во Купот на Македонија. Кратовци во вечерашното соочување ќе се обидат по четврти пат во клупската историја да го освојат трофејот во ова натпреварување додека Шкендија во својата колекција има два пехари и атакува на третиот. Доколку Силекс успее да се искачи на тронот ќе се израмни со Работнички по бројот на освоени трофеи и ќе се најде на делба на третото место на вечната листа на најуспешни екипи во Купот.

На спротивната страна со евентуален триумф Шкендија ќе им се приклучи на Слога Југомагнат, Силекс и Македонија ЃП кои три пати се радувале на победа во големото финале. И за двете екипи ова ќе биде шести настап во решавачкиот натпревар за трофејот во Купот.

Силекс последен пат во финалето играше во 2022 година кога беше поразен од Македонија ЃП и тоа по подобро изведување на пенали, а само една година претходно го освои последниот трофеј по победата над Академија Пандев исто така по удари од белата точка.

Шкендија последен пат во финалето настапи во 2018 година кога триумфираше над Пелистер, а една сезона претходно, Тетовци беа поразени токму од Битолчани и тоа изведување на удари од 11 метри.

Првото финале во клупската историја, Силекс го одиграл во 1994 година. Кратовци тогаш беа поуспешни од Пелистер, а следната година во финалето беа поразени од Вардар. Вториот пехар во историјата Силекс го освои во 1997 година и тоа по триумфот од 4:1 во соочувањето со Слога Југомагнат.

Шкендија прв пат имаше шанса да триумфира во Купот пред 20 години. Во првиот настап во финалето Тетовци беа совладани со 3:2 во дуелот против Македонија ЃП. Во 2013 година следуваше ново учество во финалето, но тогаш славеше градскиот ривал Тетекс и тоа по подобро изведување на пенали. Првиот од двата пехари Тетовци го освоија во пред точно една деценија по победата над Работнички со 2:0.

Триесет и третото финале во Купот на Македонија ќе се игра на арената Тодор Проески со почеток во 20 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести