Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Швајцарија ја скроти Канада за прво место во групата! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Швајцарија го потврди првото место во групата Б на Светското првенство, откако во директно дерби ја совлада селекцијата на Канада со 2-1. По прилично изедначеното и мирно прво полувреме во кое домаќините беа за нијанса подобар ривал, тимот на Мурат Јакин приреди вистински офанзивен блицкриг на самиот старт од вториот дел. Мрежата на Канаѓаните ја начна Рубен Варгас на стартот во продолжението, а веќе во 57-та минута Манзамби погоди мајсторски од косо по одличната асистенција на Брел Емболо за огромни 2-0.

Домаќините не се предадоа и успеаја да ја вратат неизвесноста со погодокот на Промис Давид во 76-та минута, кој предизвика вистинска ерупција на трибините. Сепак, и покрај силниот притисок во финишот и опасниот обид со глава на Корнелиус, Швајцарците тактички дефанзивно ја сочуваа предноста. Со овој триумф Швајцарија го запечати лидерското место во групата со седум бода, додека Канада патува во нокаут-фазата од втората позиција.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.