Меѓународен фудбал Фудбал

Швајцарија брка нова победа, Јакин смирува, сè уште е прерано…

Швајцарија има одличен старт во Лигата на нации, но селекторот Мурат Јакин не дозволува еуфоријата да го наруши фокусот на неговиот тим. По две убедливи победи, швајцарскиот состав сега го очекува гостувањето кај Словенија. Швајцарците славеа со идентични 3:0 против Македонија и Шкотска и во Словенија ќе атакуваат на трет триумф во низа. Сепак, Јакин предупредува дека неговиот тим го очекува сериозен предизвик.

„Словенија ќе нè стави на голем тест. Имаат специфичен тактички пристап и особено на домашен терен знаат да ни создадат проблеми“, изјави Јакин.

Селекторот на Швајцарија најави дека неговиот тим е подготвен за различни тактички варијанти, но нагласи дека главниот фокус ќе биде на сопствената игра. Јакин не ја исклучува ниту можноста за промени во составот, а конечните одлуки ќе ги донесе во зависност од физичката подготвеност и моменталната форма на фудбалерите.

И покрај совршениот старт, швајцарскиот селектор останува внимателен кога се зборува за пласман во Лига А.

„Прерано е да зборуваме за промоција. Имаме добра основа, но мора да продолжиме чекор по чекор“, порача Јакин.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.