Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Швајцарците без својата ѕвезда против Меси и Аргентина!

Швајцарија ќе биде значително ослабена во пресрет на четвртфиналниот дуел против Аргентина на Светското првенство, откако селекторот Мурат Јакин потврди дека една од најголемите ѕвезди на тимот, Јохан Манзамби, нема да може да настапи.

Дваесетгодишниот офанзивец, кој на овој Мундијал веќе постигна три гола и е пред трансфер во Њукасл, сè уште не успеал да се опорави од повредата на коленото што ја заработи пред осминафиналниот натпревар со Колумбија. Манзамби го пропушти и тој меч, а и покрај напорите на медицинскиот тим, нема да биде подготвен ниту за пресметката со актуелниот светски шампион.

„За жал, Јохан нема да може да игра. Направивме сè што беше можно за да го оспособиме, но болката е сè уште присутна“, изјави Јакин.

И покрај големиот хендикеп, швајцарскиот селектор верува дека неговиот тим може да биде достоен ривал на Аргентина доколку ја наметне својата игра и успее да го ограничи влијанието на Лионел Меси. Оптимист е и капитенот Гранит Џака, кој смета дека пласманот во четвртфиналето, прв за Швајцарија по 1954 година, е доказ за квалитетот на оваа генерација.

„Сакаме да направиме уште еден чекор. Ако повторно покажеме тимски дух и дисциплина како против Колумбија, можеме да ја изненадиме и Аргентина. Ќе се бориме како тим и ќе се обидеме со висок пресинг да им создадеме проблеми“, порача Џака.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.