На денешен ден пред точно 16 години, Леброн Џејмс ја донесе една од најпознатите одлуки во историјата на НБА. Тогашната суперѕвезда на Кливленд Кавалирс соопшти дека го напушта Охајо и се сели во Мајами Хит. Овој потег целосно го промени текот и рамнотежата на силите во најсилната лига.
Џејмс својата одлука ја објави во специјална телевизиска емисија наречена „Одлука“. Тој реши на Флорида да им се придружи на Двејн Вејд и Крис Бош. Тоа предизвика бес кај навивачите на Кливленд, но му ги донесе првите шампионски прстени.
Во дресот на Мајами Хит, Леброн играше во четири финалиња и освои две титули во 2012 и 2013 година. Потоа, во 2014 година се врати во Кливленд и му ја донесе на овој тим историската прва шампионска титула.
Сега, 16 години подоцна, кошаркарскиот свет повторно со нетрпение го чека неговиот следен голем чекор. Леброн е слободен агент и моментално ги разгледува опциите за продолжување на кариерата. Меѓу главните фаворити за неговиот потпис се споменуваат повеќе екипи, вклучувајќи ги и Денвер Нагетс со Никола Јокиќ.

