Други спортови Одбојка

Штип УГД уште вечерва може да се круниса за шампион на Македонија

Екипата на Штип УГД вечера пред својата публика, во салата „Јордан Мијалков“, ја има првата меч топка против ГОК Борец да дојде до шампионската титула во машката одбојкарска лига. За штипјани ова е шанса да дојдат уште вечерва до дуплата круна, затоа што предходно веќе го освоија Купот на Македонија. Од друга страна за ГОК Борец ова ќе биде последна шанса да се вратат во финалната серија, затоа што загубија во првите два натпревари.

Првиот тим кој ќе дојде до 3 победи ќе стане шампион на Македонија, а со предходните две победи и предноста на домашниот терен, Штип УГД е многу блиску до таа цел.

Натпреварот ќе се одигра вечерва со почеток од 19:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести