Вечерва се одигра првиот натпревар од финалната серија во машката одбојкарска лига, а домаќинот Штип УГД забележа убедлива победа против ГОК Борец со 3:0 (25:15, 25:22 и 25:17) во сетови.
Лидерот на табелата во регуларниот дел од сезоната, уште од самиот старт ја имаше контролата на мечот и не дозволи во ниту еден момент гостите од Велес да ја загрозат.
Со оваа победа, Штип УГД поведе во финалната серија со 1:0, во која шампион ќе биде тимот што ќе дојде прв до три победи. Вториот натпревар ќе се одигра во Велес, во понеделник од 20:00 часот.

