Други спортови Одбојка

Штип УГД и ГОК Борец во битка за шампионскиот трофеј

Вечерва стартува финалната битка за шампионскиот трофеј во Првата лига мажи помеѓу Штип УГД и ГОК Борец, во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, со почеток од 19:00 часот. Двете најдобри екипи од регуларниот дел од првенството, ќе ги одмерат силите, а првата екипа која ќе дојде до три победи, ќе стане нов шампион на Македонија.

Штипјани пред помалку од еден месец, трет пат едно по друго, го освоија купот на Македонија и тоа против ГОК Борец, совладувајќи го во финалето со 3:1 во сетови.

Едно е сигурно, Македонија по оваа финална серија ќе добие нов шампион.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести