Други спортови Одбојка

Штип УГД е новиот шампион на Македонија!

Екипата на Штип УГД вечерва, со убедливата победа пред домашната публика, во третиот натпревар против ГОК Борец со 3:0 (25:18, 25:18, 25:16), се круниса за нов шампион во машката одбојкарска лига на Македонија. По седим години доминација на Струмица, оваа сезона штипјани беа најдобриот тим, беа доминанти, го освоија и Купот на Македонија, финалната серија ја завршија без загубен сет и заслужено дојдоа до титулата.

За Штип УГД ова е историска сезона, во која ги обедини двете титули, но и за прв пат ја освои шампионската титула во домашното првенство.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести