Шпанската јавност и спортските медиуми жестоко реагираа по шокантното реми без голови (0:0) против тоталниот аутсајдер Зеленортска Република, на отворањето на Мундијалот во Атланта. Еден од главните фаворити за титулата одигра натпревар без идеја и компас, што предизвика лавина од критики на сметка на селекторот Луис де ла Фуенте и неговите избраници.
Влијателниот весник „Марка“ го опиша натпреварот како „катастрофален старт“ и вистинско спортско чудо, споредувајќи го со ситуација во која аматер би го победил Рафаел Надал. Медиумите најмногу му замеруваат на селекторот што задоцни со тактичките измени и внесувањето во игра на Ламин Јамал и Нико Вилијамс.
Критики пристигнаа и од „Мундо Депортиво“, каде се нагласува дека Шпанија играла со премногу ниско и предвидливо темпо. Организираната одбрана на Зеленортската Република целосно ги неутрализираше Педри и Гави, оставајќи ја „црвената фурија“ без решенија во средниот ред, со што Шпанците уште на самиот почеток си го компликуваа патот на шампионатот.

