Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Шпанија удри во африкански ѕид, Зеленортските Острови испишаа историја!

Светот го има првото мега изненадување на Мундијалот во Америка! Апсолутниот дебитант и тотален аутсајдер, селекцијата на Зеленортските Острови, приреди сензација на стадионот „Мерцедес-Бенц“ откако успеа да ја сопре моќната Шпанија на отворањето од групата Х, извлекувајќи херојско реми без голови. Нација од едвај половина милион жители во Западна Африка го слави најголемиот спортски успех во својата историја, откако со фанатична дефанзивна дисциплина ја разоружа и целосно ја неутрализира „црвената фурија“.

Од првата минута во Атланта стана јасно дека актуелниот европски првак пристигнал со ставот „лесно ќе биде“, а таквата ароганција скапо ги чинеше избраниците на селекторот Луис де ла Фуенте. Нападот на Шпанија беше толку јалов, отсечен и без идеја, што на теренот се случи бизарен историски преседан кој не е виден на Светските првенства уште од 1966 година. Имено, напаѓачот на шпанците, Микел Ојарзабал, во првите 30 минути од натпреварот буквално немаше ниту еден единствен контакт со топката! Единственото сериозно возбудување за Шпанците во првиот дел беше пречката на Феран Торес, но и тогаш чудесниот голман Возиња покажа дека островјаните нема да бидат лесен залак за првиот фаворит на турнирот.

Во второто полувреме немоќта на Шпанија продолжи во исто темпо. Кога виде дека работите излегуваат од контрола, Де ла Фуенте мораше да ризикува и да прави радикални потези. Иако планот беше тинејџерската суперѕвезда Ламин Јамал да одмара поради нецелосно зацелената повреда на ложата, тој мораше да влезе во игра во средината на вториот дел на местото на невидливиот Гави. Но, ниту магијата на Јамал не помогна да се пробие африканскиот армиран бетон. Колку гостите ги оставија срцата на теренот за овој историски бод најдобро се виде во последната секунда од судиското продолжение, кога дефанзивецот Пико со неверојатен, пожртвуван лизгачки старт го блокираше Ојарзабал во зицер позиција. По последниот свиреж на судијата. Овој неочекуван резултат прави тотален хаос во групата каде што демнат уште и Уругвај и Саудиска Арабија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.