Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Шпанија со железна одбрана, Унаи Симон блиску до фудбалска историја!

Голманот на Шпанија, Унаи Симон, се наоѓа на чекор од историски подвиг на Светското првенство, откако веќе има серија од 429 минути без примен гол. Доколку остане несовладан и во следниот елиминациски натпревар, Симон би можел да се искачи на врвот на вечната листа на голмани со најдолга „чиста мрежа“ на Мундијали, надминувајќи имиња како Џанлуиџи Буфон, Питер Шилтон и Волтер Зенга, па дури и да го симне Икер Касиљас од највисоките позиции.

Шпанската одбрана, предводена од дефанзивци како Кубарси, Лапорт и Кукуреља, игра на високо ниво и веќе има историски учинок, без примен гол во групната фаза, нешто што Шпанија никогаш досега не го постигнала. И покрај почетните дилеми околу голманската позиција, селекторот Луис де ла Фуенте му ја даде довербата на Симон, кој ја оправдува со сигурни настапи и голема самодоверба во клучни моменти.

Шпанија сега го продолжува патот на турнирот со амбиција да ја задржи одбраната недопрена и да го продолжи импресивниот серијал.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.