Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Шпанија е нов светски првак: Феран Торес ги сруши немоќните „гаучоси“ (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шпанија е новиот фудбалски владетел на планетата по победата над Аргентина со 1:0 во големото финале во Њујорк. Европскиот шампион стигна до својата втора светска круна по исцрпувачка битка во продолженијата. Човек на одлука беше Феран Торес, кој го постигна златниот гол во 106-тата минута од натпреварот.

Натпреварот донесе целосна тактичка контрола на Шпанците и неочекувано дефанзивна и немоќна партија на досегашниот светски првак. Лионел Меси и Хулијан Алварез беа целосно отсечени во нападот. Аргентина се фокусираше само на одбрана и направи неверојатен негативен рекорд. Тие го завршија финалето без ниту еден единствен шут во рамките на противничкиот гол за 120 минути.

Клучниот момент кој го олесни патот на „фуријата“ се случи во третата минута од судиското продолжение на регуларниот дел. Енцо Фернандез заработи црвен картон по фаул над Кубарси и ги остави соиграчите со фудбалер помалку на теренот. Шпанија ја искористи предноста на самиот старт од второто продолжение. Нико Вилијамс со глава асистираше до Торес, кој ја закова топката во мрежата.

Со овој триумф Шпанија ја продолжи својата брутална серија на 38 натпревари без пораз. Шпанците ги обединија европската и светската титула на навистина доминантен начин. Тие во последните два меча против Франција и Аргентина не им дозволија на ривалите ниту еднаш да се заканат кон нивниот гол.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.