Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Шпанија доминира со посед, Франција со ефикасност… бројките го најавуваат спектаклот во полуфиналето!

Шпанија и Франција во вторник ќе се борат за место во финалето на Светското првенство, а статистиката најавува неизвесен судир меѓу две селекции со различен стил на игра.

Шпанците се меѓу репрезентациите со најголем број успешни додавања на турнирот. Во првите шест натпревари просечно реализирале повеќе од 679 додавања по меч, со прецизност од 91 проценти. Франција има нешто помал посед на топката и просек од околу 561 додавање по натпревар, но со речиси идентична успешност од 90 проценти. Иако двете селекции имаат по 110 удари кон противничкиот гол до полуфиналето, Французите покажуваат далеку поголема ефикасност. Тие упатиле 47 удари во рамките на голот и постигнале 16 погодоци, додека Шпанија има 40 удари во рамките на голот и 11 постигнати голови.

Во офанзивниот дел, Шпанија почесто се потпира на центаршутеви и просечно испраќа повеќе од 24 по натпревар, додека Франција има околу 16. Од друга страна, избраниците на францускиот селектор играат подисциплинирано, со помал број направени прекршоци и жолти картони. Полуфиналето ќе биде и реприза на дуелот од Европското првенство во 2024 година, кога Шпанија ја совлада Франција со 2:1 на патот кон европската титула. Сега Французите ќе имаат можност за реванш, додека Шпанците ќе се обидат уште еднаш да ја потврдат својата доминација во големите натпревари.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.