Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, не го криеше задоволството по убедливата победа од 4-0 против Саудиска Арабија. Според него, тимот покажал токму она што го барал од играчите… агресивност, брзина и поголема директност во нападот.Шпанскиот стратег посочи дека реакцијата на фудбалерите била одлична по критиките кои ги добија по претходниот натпревар. Тој особено ги пофали Родри, Ламин Јамал и Микел Ојарсабал за нивниот придонес во убедливиот триумф.
И покрај високата победа, Де ла Фуенте предупреди дека нема простор за опуштање, бидејќи следниот предизвик против Уругвај ќе биде значително потежок. Сепак, тој верува дека прикажаната игра е добар показател за тоа во кој правец треба да се движи шпанската репрезентација.

