Меѓународен фудбал Фудбал

Шоу на Мајкл Олисе, Бајерн го прегази Магдебург во Купот

Баерн Минхен обезбеди убедлив пласман во следната фаза од германскиот ДФБ-покал откако на „Алијанц Арената“ го совлада Магдебург со убедливи 6:1. Пред самиот почеток на натпреварот, целиот стадион со овации го поздрави Хари Кејн, новиот освојувач на „Златната топка“ за 2026 година.

Иако англискиот напаѓач го изглда целиот меч од клупата за резервни играчи, главното шоу на теренот го приреди Мајкл Олисе. Деветтопласираниот фудбалер во изборот за „Златната топка“ го отвори резултатот уште во 10. минута. Гостите од Магдебург успеаја да израмнат преку евроголот на Матеуш Зуковски, но Олисе брзо му асистираше на Исмаел Саибари во 21. минута за ново водство, а на стартот од второто полувреме од пенал ја зголеми предноста на 3:1.

Гостите оставија одличен впечаток во првиот дел и преку Фелипе Чавез дури ја погодија и стативата, но баварската машина во завршните 20 минути целосно го сруши нивниот отпор.

Алфонсо Дејвис во 70. минута погоди за 4:1, три минути подоцна Натаниел Браун на асистенција на Дејвис зголеми на 5:1, додека конечните 6:1 ги постави португалскиот тинејџер Давид Даибер во третата минута од судиското надополнување.

Со оваа победа Баерн го потврди статусот на апсолутен рекордер во ДФБ-покалот, каде во своите витрини веќе има 21 пехар.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.