Минесота Тимбервулвс се соочува со силен удар на самиот почеток од новата НБА сезона. Првата ѕвезда на тимот, Ентони Едвардс, ќе мора да замине на оперативен зафат на десното колено, поради што го чека пауза од речиси два месеци, објави добро упатениот Шемс Шаранија.
Проблемите со коленото го мачеа фантастичниот бек и во изминатите денови, па неговиот настап против Кливленд беше под голем знак прашалник. Сепак, Едвардс стисна заби, излезе на паркетот и испорача застрашувачки 47 поени во драматичниот пораз по продолжение од 127:125. Но, ниту таквата партија не можеше да ги прикрие сериозните болки, по што медицинскиот тим одлучи дека хируршкиот зафат е неизбежен.
Just in: Minnesota Timberwolves star Anthony Edwards will undergo an arthroscopic procedure on his ailing right knee and miss up to two months, sources tell ESPN. https://t.co/HenrAY2APs
— Shams Charania (@ShamsCharania) October 27, 2026
Едвардс ја отвори сезоната на фасцинантен начин со 45 поени против Мајами, додека во првите четири натпревари бележеше просек од дури 33,3 поени по меч. Во тој период ги предводеше „волците“ до три победи, меѓу кои беше и убедливиот триумф над Торонто на Рајаковиќ каде постигна 26 поени, уште еднаш потврдувајќи дека е еден од најубиствените офанзивци во целата лига.
Отсуството на лидер и прв стрелец носи огромна одговорност за остатокот од ростерот, а пред тренерот Крис Финч е исклучително тешка задача, да пронајде начин да го надополни огромниот поентерски дефицит и да го одржи тимот во горниот дел од табелата за време на оваа двомесечна пауза.

