Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Шок за Франција пред Мундијалот: Салиба под знак прашалник?

Француската репрезентација се соочува со огромен проблем пред Светското првенство. Настапот на дефанзивецот Вилијам Салиба е доведен во сериозна опасност. Одличниот стопер заработил потешка повреда за време на финалето во Лигата на шампионите, за својот Арсенал, на дуелот против екипата на ПСЖ. Деталните прегледи покажаа дека тој само ја влошил претходната повреда. Поради ова стоперот го очекува пауза од неколку недели.

Ова е голем шок за селекторот пред патувањето за Америка. Овој 25-годишен дефанзивец требаше да биде главен столб во одбраната. Тој досега има вкупно 31 настап во националниот дрес. За искусниот играч сега започнува макотрпна трка со времето. Лекарскиот тим ќе прави секојдневни проценки за неговата состојба. Неизвесноста околу неговото закрепнување ќе ги загрижува навивачите до самиот почеток на првенството.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.