Меѓународен фудбал Фудбал

Шок во Кадиз: Сменет тренерот на четири дена пред стартот на Ла Лига!

Иманол Идијакез повеќе не е тренер на Кадиз откако раководството на клубот донесе шокантна одлука да му врачи отказ на само четири дена пред почетокот на Ла Лига и дуелот против Селта Виго. Причина за неочекуваната разделба се сериозните несогласувања меѓу управата и тренерот околу спортската политика и трансфер-плановите на екипата.

Идијакез сметал дека се неопходни нови засилувања во тимот, а меѓу неговите главни желби бил и Немања Гудељ, но раководството одбило да ги исполни неговите барања. Иако тој заврши одлична работа во финишот од минатата сезона и успеа да му обезбеди опстанок на тимот во елитата, управата пресече утринскиот тренинг да се одложи за попладне и на играчите да им ја соопшти одлуката за заминувањето на тренерот.

Како главен фаворит за преземање на клупата на Кадиз и брзо решавање на кризата пред првото коло се споменува поранешниот фудбалер на Барселона, Алберт Селадес.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.