Возачот на Алпин, Пјер Гасли, бил мета на огромен бран навреди и закани на социјалните мрежи, а според претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Мохамед Бен Сулајем, Французинот добил дури 13.000 закани по живот.
Првиот човек на ФИА го откри ова во подкастот „The Drive“, предупредувајќи дека онлајн насилството станува сериозен проблем за Формула 1. Тој посочи дека на удар не се само возачите, туку и нивните семејства, партнерките и судиите. Гасли се најде на мета на незадоволните навивачи по Големата награда на Мадрид во септември, кога беше обвинет дека го блокирал својот тимски колега Франко Колапинто. Тоа предизвика бурни реакции кај дел од аргентинските навивачи и доведе до серија закани и напади на социјалните мрежи.
Бен Сулајем предупреди дека станува збор за глобален проблем кој може сериозно да му наштети на спортот, нагласувајќи дека е неопходна посериозна реакција за заштита на сите учесници во натпреварувањата.

