Кошарка Меѓународна кошарка

Шок пред мајсторката: Оклахома без Џејлен Вилијамс!

Оклахома Сити Тандер доживеа огромен удар пред одлучувачкиот седми натпревар од финалето на Западната конференција против екипата на Сан Антонио. Официјално беше потврдено дека еден од нивните најважни играчи Џејлен Вилијамс дефинитивно нема да настапи поради повреда на задната ложа.

Вилијамс веќе со недели има сериозни проблеми со левата задна ложа, а состојбата дополнително се влоши за време на вториот дуел. Медицинскиот тим направи сè за да го оспособи, но раководството реши да не ризикува со неговото здравје во клучниот натпревар.

Неговото отсуство носи огромни главоболки за тренерот Марк Дењолт, особено по убедливиот пораз во претходниот натпревар со резултат 118:91. Виктор Вембањама тогаш го предводеше Сан Антонио со 28 поени, додека кошаркарите на Оклахома делуваа целосно немоќно во нападот.

Одлучувачката мајсторка меѓу овие два тима се игра ноќва, а победникот ќе обезбеди директен пласман во големото финале на НБА лигата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.