Европски првенства Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Шок по освоената светска титула, Маркос Љоренте се откажа од Шпанија! (ФОТО)

Неочекувана одлука од Маркос Љоренте. Шпанскиот репрезентативец реши да стави крај на својата кариера во националниот тим на само 31 година, и тоа непосредно по освојувањето на светската титула. Љоренте одлуката ја соопшти преку емотивна порака на социјалните мрежи, истакнувајќи дека станува збор за добро обмислена и лична одлука.

„По долго размислување, решив да ја завршам мојата етапа со националниот тим. Знам дека сè уште сум млад и дека можеби ми остануваат уште години во кои би можел да го носам овој дрес, но ова е личен избор, многу добро обмислен и, пред сè, длабоко почувствуван“, напиша Љоренте.

Десниот бек во репрезентацијата дебитираше во 2020 година, а во периодот поминат со Шпанија забележа 27 настапи. На Мундијалот во 2026 година беше дел од тимот кој стигна до светскиот врв, што дополнително го прави неговото повлекување големо изненадување.

„Беше гордост да ја претставувам мојата земја и да бидам дел од оваа историја. Ви благодарам за сè“, порача фудбалерот на Атлетико Мадрид.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.