Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Шкендија знае како се победува во Европа! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот вицешампион Шкендија ја продолжува својата европска авантура, откако со две убедливи победи успешно ја мина првата пречка во квалификациите за Конференциската лига. По високите 5-0 на првиот натпревар, тетовци вечерва ја потврдија доминацијата и на реваншот. Избраниците на Артим Положани славеа со минимални 1-0 против Европа од Гибралтар и со вкупни 6-0 обезбедија место во второто квалификациско коло.

Шкендија во текот на целиот натпревар имаше контрола врз играта и не му дозволи на противникот да се надева на пресврт. Наградата за добрата партија стигна во самиот финиш, кога Ване Крстевски во 86. минута ја затресе противничката мрежа и ја потврди втората победа во двомечот.

Тетовскиот состав на сигурен и убедлив начин ја заврши задачата против претставникот на Гибралтар и сега со многу самодоверба ќе го очекува следниот европски противник, тимот на Браво од Словенија.

ФК Шкендија - ФК Европа (Гибралтар) 1:0 (0:0) Квалификации за Конференциска лига
16.07.2026
Национална арена „Тодор Проески“ - Скопје
Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.