Македонски фудбал Фудбал

Шкендија во Словенија ќе ги одмери силите со сплитски Хајдук

Тимот на Шкендија сè уште го нема решено клучното прашање околу новиот шеф на стручниот штаб за следната сезона. Тоа сепак не ги спречува тетовци да бидат максимално активни на сите останати полиња во овој период. Клубот веќе активно ги планира летните подготовки кои ќе бидат комплетно одработени на терените во Словенија.

Таму црвено-црните ги очекува сериозен испит и силен тест натпревар против хрватскиот гигант Хајдук од Сплит. Оваа информација официјално ја потврдија и од сплитскиот клуб кој ќе престојува во Словенија во истиот период. Натпреварот ќе биде одлична проверка за формата пред почетокот на предизвиците кои следуваат. Шкендија, заедно со Вардар и Силекс, летово ќе ја претставува Македонија на меѓународната фудбалска сцена во Европа.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.