Екипата на Шкендија денеска од 19:30 часот ја започнува новата кампања во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА. Тетовските „црвено-црни“ гостуваат кај тимот на Европа на стадионот во Гибралтар.
Главна цел на македонскиот претставник е сигурно минување на ова прво коло и повторување на минатогодишните успеси. Денешниот натпревар ќе донесе и официјално деби на новиот шеф на стручниот штаб, Артим Положани.
Новиот стратег на тетовци за овој прв предизвик ќе може да смета на речиси сите расположливи фудбалери. Поради сериозни проблеми со повреда, под голем знак прашалник е единствено настапот на Себастијан Спахиу.

