Фудбалерите на тетовска Шкендија ги продолжуваат своите настапи во евро-квалификациите од Конференциската лига, натпреварување кое можеби највеќе им лежи на сите во црвено-црниот табор, имајќи в предвид дека во изминатата сезона беа дел од лигашката фаза токму на ова натпреварување.
По успешно одиграните натпревари против гибралтарска Европа и словенечки Браво, овојпат, составот предводен на Артим Положани заминува за Единбург, Шкотска, на мегдан со силниот состав на Хиберниан, во рамките на третото квалификациско коло. За таа цел, раководството на Шкендија, предводено од нивниот спонзор „Еколог”, обезбеди чартер лет за експедицијата која ќе патува на воведниот натпревар, со цел тимот да има лесна адаптација и подобро да се подготви за натпреварот.
Голем гест на клубот, потег кој ретко го прават нашите клубови (речиси никогаш). Со таа цел, јасно даваат на значење за важноста на натпреварот, со надеж за пласман во плеј-оф рундата.

