Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Шкендија со минимален пораз се враќа од Љубљана

Фудбалерите на Шкендија претрпеа минимален пораз од 2-1 на гостувањето кај словенечки Браво. Тетовскиот тим добро го започна натпреварот во Љубљана. Уште во 10-тата минута Красниќи успешно реализираше пенал за водство на гостите. Сепак, радоста на екипата на Артим Положани траеше многу кратко. Домаќинот брзо се врати во игра со израмнувачкиот погодок на Копатин.

Пред крајот на првото полувреме Ндзенге имаше одлична шанса за ново водство. Сепак, домашниот голман Рожман одлично интервенираше. Во второто полувреме Браво ја казни невнимателноста во дефанзивата на Шкендија. Целосниот пресврт пристигна преку Станковиќ, кој прецизно биеше во мрежата на Амзаи.

До крајот на средбата Спахиу и Зејнулаи пропуштија добри прилики за реми. Шкендија ќе мора да брка негатива на реваншот во Скопје. Одлучувачкиот дуел ќе се одигра на Националната Арена „Тодор Проески“.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.