Шкендија ќе ја започне новата сезона во Првата македонска фудбалска лига со два домашни натпревари во Скопје, наместо на стадионот во Гостивар, кој беше пријавен како домашен терен поради реконструкцијата на арената во Тетово. Причината за оваа промена е дисциплинската казна што клубот ја доби по финалето на Купот на Македонија. Првично санкционирана со четири натпревари без публика, по жалбената постапка казната беше намалена на два меча.
Поради тоа, тетовскиот клуб одлучи средбите против Скопје и Брегалница да ги организира на терените во Комплексот на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје, каде што условите за игра се значително подобри. По овие два натпревари, Шкендија ќе се пресели на стадионот во Гостивар, каде што ќе ги игра останатите домашни средби додека трае реконструкцијата на тетовскиот стадион.

