Фудбалерите на Шкендија пристигнаа во Единбург во пресрет на утрешниот воведен натпревар против домаќинот Хиберниан од третото квалификациско коло за Конференциска лига. Тетовчани во комплетен состав, а вечерва тимот ќе го одржи официјалниот тренинг на стадионот „Истер Роуд”.
Шкендија во првото и второто коло беше подобра од тимот на Европа од Гибралтар и тимот на Браво од Словенија.
Натпреварот утре започнува во 21:00 часот.

