Шкендија ги заокружи подготовките во Словенија со реми 2:2 против украинска Зорја во последниот контролен натпревар пред почетокот на европските квалификации. Украинскиот состав прв стигна до водство во 21. минута преку Јелавиќ, но тетовци брзо реагираа и девет минути подоцна израмнија со погодокот на Трумчи. Во второто полувреме двете екипи повторно ја затресоа мрежата, а стрелец за Шкендија беше Тамба во 72. минута, со што беше поставен конечниот резултат.
За време на подготовките во Словенија, македонскиот шампион одигра четири контролни натпревари, забележувајќи победа над Копер, порази од Хајдук и Целје, како и реми против Зорја. Сега вниманието на Шкендија целосно се пренасочува кон настапот во квалификациите за Конференциската лига, каде што на 9 јули ќе го одигра првиот натпревар против Европа, а реваншот е седум дена подоцна.

