Македонски фудбал Фудбал

Шкендија подобра од Силекс во Кратово за „пет од пет“ во ПМФЛ

Екипата на Шкендија ја продолжи совршената серија во Првата македонска фудбалска лига, откако славеше со 2-0 на гостувањето кај Силекс во Кратово и стигна до петтиот триумф во исто толку одиграни натпревари од стартот на новата сезона.

По првото полувреме во кое мрежите мируваа благодарение на одличните одбрани на домашниот голман Џеков по обидите на Криезиу и Ибраими, на кој му беше поништен и еден погодок поради офсајд, тетовци го скршија отпорот во 53. минута. По центаршутот на Ибраими, Мелиќи најдобро се снајде во петерецот и со глава донесе водство од 1-0. Силекс имаше можност за враќање преку Анѓелески, но Рамани реагираше во последен момент и ја отстрани опасноста.

Точка на натпреварот беше ставена во 88. минута кога Зејнулаи одлично го пронајде Фахд Ндзенгуе, кој излезе сам пред Џеков и рутински реализираше за конечни 2-0. Со новиот триумф, Шкендија се зацврсти на врвот на табелата со максимални 15 бодови од пет кола.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.