Македонски фудбал Фудбал

Шкендија подобра од Работнички во Скопје, победа од 0-3!

Екипата на Шкендија ги освои бодовите од гостувањето во Скопје против тимот на Работнички. Играчите предводени од тренерот Јетон Беќири имаа лесна задача, ја презедоа иницијативата од самиот старт и победија со 0-3.

Резултатот го отвори Красниќи во седмата минута, откако по нафрлена топка на Вебстер, на втората статива, Тамба успешно ја спушти до Красниќи кој биеше силно во пречката, но топката среќно се одби и играчот успеа да ја погоди мрежата на Ондоа. Работнички се обидуваше да израмни, Муарем преку соло акција во 18. минута од десната страна шутираше високо над пречката.

Шкендија продолжи со добра игра и нападите кон противничкиот гол, Љатифи се обиде да постигне гол, по еден силен слободен удар од 25 метри, но топката заврши блиску над пречката. Конечните 0-2 на полувреме ги постави Тамба во 37. минута.

Во вториот дел, Шкендија продолжи да го притиска противникот, кој успешно се бранеше се до 71. Минута откако Тамба, по десната страна, по една висока топка добиена од средината на теренот, асистираше до Красниќи кој беше еден на еден со голманот на домаќините и успеа да го совлада, поставувајќи ги конечните 0-3.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести