Продолжуваат натпреварите од Првата македонска фудбалска лига. Денеска, на програмата се два натпревари. 28-то коло ќе го отворат тимовите на Силекс и Брера во Кратово од 13:00 часот, додека дерби средбата меѓу Тиквеш и Шкендија е закажана за 15:00 часот на Градскиот стадион во Кавадарци.
Брера очајно брка бодови во битката за опстанок. Влегуваат во натпревар во кој воопшто нема да биде лесно. Струмичани на последните два натпревари ремизираа против Македонија ЃП и Башкими, а токму гостувањето во Кратово е мотив плус за победа или евентуално продолжување на серијата позитивни резултати.
Шкендија пак, ќе има мошне тешката задача на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци. На тимот од Тетово секој под им е важен во борбата за титулата. Физичкиот замор во тимот е присутен, но тимот е подготвен да ја продолжи битката за шампионската титула. Црвено-црните на последните два натпревари остварија високи победи, најпрво против Работнички во Скопје победа од 0-3 и на последниот дуел на домашен терен против Шкупи победа со високи 6-0.

