Фудбалерите на битолски Пелистер со полн плен заминуваат од Тетово, откако на денешниот натпревар успеаја да ја победат Шкендија со 1-2. Играчите под команда на Марјан Секуловски играа мотивирано и дисциплинирано во одбраната во текот на целиот натпревар. Домаќините беа фаворити пред почетокот на дуелот, што се покажа и за време на самиот натпревар.
Пелистер поведе преку Спировски во 37′ минута од натпреварот, а пред крајот на полувремето, во 43′ минута, Шкендија, преку Ибраими успеа да израмни на 1-1. Вилдан Керим со гол во финишот на натпреварот ги постави конечните 1-2.
Шкендија беше доминантна во текот на целиот натпревар, константно вршеше притисок и напаѓаше од страничните позиции, но голманот на Пелистер, Јовчевски, беше на висина на задачата. Голем кикс нa домаќините, кој можеби може да ги чини и титула.

