Македонски фудбал Фудбал

Шкендија ја загуби битката со Вардар…

Шкендија оствари победа од 2-1 против АП Брера Струмица во последниот натпревар пред своите гледачи оваа сезона, но и покрај триумфот остана без шампионската титула, бидејќи Вардар истовремено го доби својот натпревар и математички го обезбеди врвот.

На Градскиот стадион во Тетово, гостите од Струмица долго време успешно се бранеа и држеа резултатска рамнотежа, но во второто полувреме попушти нивниот отпор.

Шкендија поведе во 52. минута преку Фабрис Тамба, а во 68. минута Фахд Нзенгуе ја зголеми предноста на 2-0 по добра акција на домашниот тим.

АП Брера до крајот успеа само да го ублажи поразот во 81. минута, но, сепак, триумфот и припадна на Шкендија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести