Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Шкендија и Силекс ги добија потенцијалните противници во Конференциската лига!

Македонските претставници во Конференциската лига со голем оптимизам и внимание ги следат денешните случувања во Нион каде се крои нивната европска судбина.

Европската куќа на фудбалот ги дефинираше групите пред денешното извлекување во 18 часот со што стана јасно кои тимови стојат помеѓу нашите екипи и втората рунда. За тетовска Шкендија ждрепката нуди реални шанси за успех бидејќи на списокот се најдоа екипи како гибралтарска Европа ФК и косовска Малишева, потоа Уна Штрасен од Луксембург и велшки Пенибонт како и Рунавик од Фарски Острови и естонскиот клуб Номе Калју.

Од друга страна кратовски Силекс се наоѓа пред многу посериозен испит бидејќи неговите можни ривали носат поголема тежина и искуство на меѓународната сцена. Кратовци би можеле да ги одмерат силите со казахстанска Астана или ерменски Пјуник, а во игра се и Динамо Минск од Белорусија, како и Дила Гори од Грузија и Атлетик Ескалдес од Андора. Додека Шкендија на хартија ја има улогата на фаворит против поголемиот дел од своите можни противници, Силекс ќе мора да прикаже максимум и можеби да приреди изненадување ако му се падне некој од посилните носители уште на самиот старт од летните квалификации.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.