Покрај шампионот Вардар кој играше во квалификациите за Лигата на шампионите и неуспешно стартуваше на воведниот меч против Купс, свој настап имаа и екипите на Шкендија и Силекс во квалификациите за Конференциската лига. Вардарци загубија на првиот домашен натпревар, додека Шкендија и Силекс остварија големи победи на воведните натпревари пред реваншите во Скопје.
Победите на Шкендија и Силекс значеа додатни поени на УЕФА ранг-листата за Македонија, остварувајќи +0,666 поени. Во прилог погледнете ја комплетната листа.


