Македонски фудбал Фудбал

Шкендија го пречекува мотивираниот Пелистер

Денеска на програмата се уште два натпревари од 25. коло од Првата македонска фудбалска лига, а Пелистер гостува на тешкиот терен во Тетово против силната Шкендија. Домашниот тим е во одлична форма, откако на последните натпревари успеа да фати приклучот во врвот на табелата и да се израмни на табелата со скопски Вардар. Во моментов, Шкендија го дели првото место со Вардарци и двата тима имаат по 58 бодови.

Шкендија ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен и со нови три бода да остане во трката за шампионската титула.

Битолчани пак, се наоѓаат во долниот дел на табелата и секој бод е од огромно значење. Гостите се мотивирани особено по промената на тренерската позиција која ја презема Марјан Секуловски, се со јасна цел, а тоа е обезбедување на прволигашкиот статус. На последниот дуел во Тетово, Шкендија славеше со 2-1 иако Пелистер прв дојде до предност во натпреварот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести