Шкендија рутински со 6:0 славеше убедлива победа против последнопласираниот Шкупи. За екипата од Тетово овој натпревар на крајот испадна како еден потежок тренинг. Уште од самиот старт тетовчани го покажаа правецот во кој ќе се движи овој натпревар. Мелиќи го отвори резутатот во 14 минута, за само 5 минути подоцна, во 19 минута, истиот играч да го зголеми водството на 2:0. Ибраими во 45 минута погоди за 3:0, резултат со кој се замина на пауза. Во вториот дел Шкендија го намали темпото, но и тоа не ги спречи да прво Ибраими, со својот втор гол во 61 минута, го зголеми резулатот на 4:0, a Љатифи со головите во 85 и 87 минута да ги постави конечните 6:0, за убедлива победа на тетовчани.
Во вториот натпревар, Тиквеш ја изненади Струга на гостински терен и со 2:1 славеше победа. Домаќините поведоа со автоголот на голманот Тасев во 21 минута, а Рамадани го израмни резултатот во 26 минута. Во вториот дел, Сила со голот во 56 минута го постави конечниот резултат и донесе важни три бода за гостите од Кавадарци.
Натпреварот остана во сенка на тешкиот инцидент во кој домашниот фудбалер Папе Фол, падна на теренот без свест, па мораше да интервенира брзата помош и да биде пренесен во болница.

