„Кој дојде, мани”… што би рекле во Битола, но од вчера тоа очигледно важи и во Скопје.
Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново си поигра на своите социјални мрежи, повикувајќи, актуелниот извршен директор на Вардар воопшто да не биде променет се до натпреварот со нивниот тим кој е на програмата на 20 септември. Уште еден доказ, Вардар, тим кој е лидер и бренд во македонскиот фудбал, стана предмет за потсмев.
Колку е сето ова очајно и жално, а арачиновци не ја пропуштија приликата за да си поиграат со целата вардарова ситуација.


