Македонски фудбал Фудбал

Шкендија Арачиново и Силекс го отвораат второто коло во ПМФЛ

Силекс на стартот од новата сезона во ПМФЛ на домашен терен забележа убедлива победа од 6:0 во дуелот против Башкими, а денеска оди по првите гостински три бода. На стадионот „Чаир“ за ривал ќе го има тимот на Шкендија Арачиново.

Кратовскиот состав посакува да продолжи да чекори победнички во новата сезона. И покрај тоа што за ривал го имаат новиот прволигаш сепак тие се внимателни и очекуваат тежок меч.

Дарко Ангелески, играчот од средниот ред на Силекс и актуелен репрезентативец, посакува три бода.

„Не очекува еден тежок натпревар против екипата на Шкендија Арачиново. Нема да ја потцениме екипата, имаат многу нови, добри и искусни играчи во своите редови, и покрај тоа што стартуваа со пораз во првото коло. Ние имаме свој план и стратегија како да го добиеме овој натпревар, и во Чаир одиме да се надигруваме и да ги освоиме трите бода. Атмосферата во екипата е одлична, стартуваме со триумф над Башкими, и сега одиме понатаму, секако сакаме да оствариме нова победа“, изјави Ангелески.

Дуелот меѓу Шкендија Арачиново и Силекс се игра денеска во 17 часот на стадионот „Чаир“.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.