Кошарка Меѓународна кошарка

Шесткратниот Ол-стар Демар Дерозан доаѓа кај Јокиќ во Денвер!

Денвер Нагетс завршија огромна работа пред почетокот на новата НБА сезона, откако договорија соработка со искусниот бек Демар Дерозан, кој ќе му се приклучи на Никола Јокиќ во поход на нова шампионска титула.

Според информациите на познатиот НБА инсајдер Шемс Чаранија, шесткратниот Ол-стар ќе стави потпис на едногодишен договор вреден 3,9 милиони долари. Со овој потег Денвер добива огромно искуство и уште еден кошаркар кој може самостојно да креира поени и да го растовари српскиот центар во офанзивата.

Дерозан пристигнува во Колорадо по две сезони минати во Сакраменто Кингс. Иако веќе чекори во 38-та година од животот, тој минатата сезона на 77 натпревари просечно бележеше 18,4 поени, 4,1 асистенции и 2,9 скокови со речиси 50 проценти реализација од игра. За ветеранот со над 26.000 кариерни поени зад себе, ова ќе биде одлична можност конечно да дојде до својот прв НБА прстен.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.