Меѓународен фудбал Фудбал

Шешко го чека долга пауза, Манчестер Јунајтед бара нов напаѓач

Македонија би можела да добие значајна предност пред дуелот со Словенија во Лигата на нациите, откако од Англија пристигнуваат лоши вести за Бенјамин Шешко. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, кој е надвор од терените поради повреда, според англиските медиуми нема да се врати во скоро време. Последните прогнози се дека Словенецот повторно би можел да заигра дури на почетокот на 2027 година.

Тоа би значело дека Шешко ќе го пропушти и гостувањето на Словенија во Скопје, закажано за 16 ноември, во последното коло од Б-дивизијата во Лигата на нациите. Проблемите на напаѓачот се дополнителен удар и за Манчестер Јунајтед, кој, според најавите, веќе размислува за ангажман на нов голгетер во јануарскиот преоден рок. Македонија претходно, на 13 ноември, ќе гостува кај Шкотска во Глазгов, по што ќе го затвори настапот во Лигата на нациите со дуелот против Словенија во Скопје.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.