Светски првенства Фудбал

Шерки одличен на припремите, Дешам на слатки маки во нападот

Рајан Шерки со спектакуларна партија против Брегот на Слоновата Коска наметна сериозна дилема кај селекторот Дидие Дешам пред Светското првенство.

Младиот 22-годишен офанзивец на Манчестер Сити ги воодушеви фановите во Нант со своите препознатливи дриблинзи и голема креативност. Француските медиуми веќе го споредуваат со Зинедин Зидан, нагласувајќи дека тој е играч за кого публиката со задоволство купува билети. Иако некои критичари сметаат дека Шерки треба да биде само резерва, неговата одлична статистика веднаш ги демантираше скептиците. Тој постигна гол, имаше 84 допири со топката и покажа извонредна кохезија на теренот со соиграчот Мајкл Олисе.

Оваа изведба сериозно ги менува плановите на Дешам, кој првично сакаше да го користи како „џокер“ од клупата. Сепак, конкуренцијата во нападот на Франција е вистински пекол. Килијан Мбапе, Мајкл Олисе, Усман Дембеле и Дезире Дуе моментално се издвојуваат како главни фаворити за почетниот состав. Дополнително, за свое парче минутажа на Мундијалот сериозно притискаат и опасните напаѓачи Маркус Турам и Филип Матета. Наспроти ваквата пеколна конкуренција, Шерки нагласи дека пријателските мечеви се само загревање и дека тимот ќе биде на највисоко ниво кога ќе започне вистинскиот предизвик на 16 јуни.

Младиот фудбалер привлече внимание и надвор од теренот. Тој стана вирален хит на социјалните мрежи поради неговата забавна и спонтана поза за време на официјалната посета на францускиот претседател Емануел Макрон.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.