Други спортови Тенис

Шелтон е во финалето на УС Опен по победата над Тиафо, следен е Зверев! (ВИДЕО)

Бен Шелтон го совлада сонародникот Френсис Тиафо со 3-1 во сетови (4-6, 6-3, 6-3, 7-5) и се пласираше во финалето на УС Опен. Мечот траеше три часа и 17 минути, а Шелтон ја запиша четвртата победа во петтиот меѓусебен дуел со Тиафо. Со овој успех, 23-годишниот Американец стана 13. тенисер од САД во Опен ерата кој стигнал до финалето во Њујорк.

Тиафо го освои првиот сет, но Шелтон потоа ја презеде контролата и со по еден брејк во вториот и третиот сет направи пресврт. Во четвртиот сет долго немаше брејк, но Шелтон во 12. гем го направи решавачкиот удар. За првата Грен слем-титула Шелтон ќе се бори против Александар Зверев, кој има убедливи 5-0 во меѓусебните дуели. Американецот, сепак, сезонава има совршен учинок од 4-0 во АТП финалињата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.