Меѓународен фудбал Фудбал

Шејмус Колман реши да го напушти Евертон по 17 години!

Ирскиот репрезентативец Шејмус Колман официјално потврди дека по завршувањето на оваа натпреварувачка сезона дефинитивно ја завршува својата богата играчка кариера во Евертон. Искусниот 37-годишен десен бек става точка на својата фудбалска приказна по цели 17 години минати на стадионот „Гудисон Парк“.

Колман пристигна во Евертон од Слиго Роверс за само 60.000 фунти, трансфер кој подоцна ја роди култната навивачка песна „Шеесет илјади“. Тој стана апсолутен рекордер на клубот со 372 настапи во Премиер лигата, надминувајќи го легендарниот американски голман Тим Хауард.

Капитенот на „карамелите“ постигна 22 гола и запиша 24 асистенции, со што стана еден од најдобрите дефанзивци во поновата клупска историја. Управата на Евертон веднаш му понуди тренерска функција во стручниот штаб, но ирскиот фудбалер ќе одлучува за иднината во текот на летото.

Во емотивното збогување, тој им се заблагодари на навивачите што му помогнале на начин на кој не можат ниту да замислат. Неговиот последен натпревар пред домашната публика ќе се одигра претстојната недела, кога тимот на Евертон го пречекува составот на Сандерленд.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести