Актуелниот италијански шампион Интер го сочува максималниот ефект на стартот од новата сезона во Серија А, откако на гостувањето кај Каљари оствари минимален, но исклучително значаен триумф од 0-1.
Избраниците на Кристијан Киву го решија прашањето околу победникот уште во раната фаза од мечот. Во деветтата минута, по одличното проиграње од Николо Барела, Хакан Чалханоглу прецизно биеше во мрежата на домаќините за победа од еден гол разлика. Со овој успех „неразурите“ дојдоа до максимални шест бода по две одиграни кола, додека Каљари остана на три освоени бода.
Во вториот синоќешен дуел од оваа рунда, Лацио исто така стигна до својата втора победа во шампионатот откако пред домашните навивачи на „Олимпико“ ја совлада Џенова со 1-0. Моментот на одлука се случи благодарение на погодокот на Давиде Фратези, кој го запечати вториот пораз за гостите на стартот од сезоната и го потврди нивниот тежок почеток во борбата за опстанок во италијанската елита.
Во приот натпревар од неделниот термин во Серија А, Наполи беше поразен пред своите фанови, од Комо со 1-2. Гостите поведоа во 17. минута преку Батурина, Хојлунд донесе израмнување за домашната екипа во 30. минута , пред Дувикас да го постави конечниот резултат во во 34. минута, за победа на екипата предводена од Сеск Фабрегас.

